9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

На крајот на јуни СДСМ ќе избира претседател на партијата

Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кој ќе се одржат на крајот од идниот месец, по повлекувањето од функцијата на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски.

Вонредните внатрепартиски избори се закажани за  30 јуни  (недела) . На седница која што ќе се одржи, утре  четврток, (30 мај 2024 година)  Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.

Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација.

Би можело да ве интересира

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп

Гордана Цветаноска

Прилепската опозиција праша „зошто во Прилеп не се врши масовната имунизација?!“

Елизабета Филипоска

Талевски: новите мерки ќе ја поттикнат домашната потрошувачка и економија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе