16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Оштетиле кафеана, запалиле возило и му се заканувале на полицискиот командир во Кривогаштани

На 20.05.2024 во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33)  од с.Крушеани,  З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55)  од  Прилеп и С.Л.(56)  од  Прилеп. Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на  Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема. Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Како да се заштитат земјоделските насади од температурните шокови и високиот УВ индекс?

Гордана Цветаноска

Прилеп со нови позасилени мерки за заштита .Новинарите под маска. Парични казни за прекршување на самоизолацијата

Елизабета Филипоска

Во тепачка прилепчанец се здобил со тешки телесни повреди

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе