16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Пријава за инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај кој примал поткуп

Кривична пријава за примање поткуп.  Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО Битола ,денеска (10.06) ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53)  од Битола,  вработен во општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.
Имено пријавениот во периодот од 12 Април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ.
Тој во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен Обвинител, информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Во Битола кај прилепчани пронајдена дрога и поголем износ на пари

Нападнати и повредени три лица во текот на ноќта

Две лица биле повредени во сообраќајка во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе