16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Се празнува Св. Наум Охридски

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ.

Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро.

Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар).

Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.

Инаку, на влезот од Прилеп, пред спортската сала „Македонија“ , прилепчани пред неколку години започнаа изградба на црква во чест на светецот Св. Наум.  Нејзината комплетна доизградба, беше најавена до крајот на минатата, 2023 година.

 

Би можело да ве интересира

Петровден е еден од најголемите празници по Велигден

Велики петок најтешкиот празник во православниот свет

Елизабета Филипоска

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе