9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Спречен шверц на јагниња за извоз во Албанија одгледувани во прилепско

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство спречија шверц на 63 јагниња, кои требало да се извезат во Албанија, а биле одгледувани близу Прилеп.

  • Во координирана акција, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од инспектори на АХВ е утврдено дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните. Согласно дадената изјава на транспортерот, животните се со потекло од населено место во Прилеп, наведуваат од  АХВ.
Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење.

 

 

 

Би можело да ве интересира

На стариот пат Прилеп-Битола пронајдена граната од Првата светска војна

Пела Редакција

Приведен прилепчанец кој продавал дрога во Скопје (Видео)

Пак пиротехника полицијата заплени во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе