16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Шпекулација е веста дека директорката на болницата си дала оставка

„ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ги демантира злонамерните и шпекулативни утрински објави на еден “фејк“ профил на социјалната мрежа Фејсбук, за наводна оставка на Кети Смилеска од директорската позиција во нашата установа.“  се вели во демантот од оваа установа, по веста која ја пренесуваат и дел од медиумите .
„Самиот факт дека објавата е од “бот“ профил сама по себе индикативно наведува на заклучок и помисла дека има за цел да предизвика ширење на оваа класична дезинформација а со тоа и да нанесе индиректна штета како на установата така и на личноста на Смилеска.  Со сите расположиви кадровски и организациони капацитети и со максимална подршка од Министерството за здравство, наш приоритет е подобрување на услугите за пациентите од регионот кој го опслужуваме со над 100.000 пациенти.
Грижата за континуирана набавка на медицинска опрема за сите болнички одделенија и неселективниот пристап за стручно усовршување на медицинскиот кадар, потврден со одобрени над 50-тина специјализации и субспецијализации на нашите лекари, продолжува и во наредниот период а се со цел секојдневна грижа за нашите пациенти со едуциран медицински кадар.
Ваквите оркестрирани напади и црната пропаганда на социјалните мрежи на локални опозициски портали, кои по принципот рекла-казала, без да ја проверат информацијата и лично да прашаат дали веста е вистинита, се натпреваруваа кој побрзо да ја сподели ваквата невистина, се потврда дека оваа лага е диригирана од една кујна позната по пласирање на своите манипулци и дезинформации на македонската и прилепската јавност. Ваквото пласирање во јавноста на невистини не е од медиумите туку од скриени профили за остварување на ситни дневно-политички поени на штета на институцијата и нејзиниот менаџмент. Впрочем ЈЗУ Општа болница со проширена дејност како институција отсекогаш е отворена за сите медиуми и има добра соработка со средствата за јавно информирање. Ние цврсто остануваме на определбата за максимална посветеност кон нашите пациенти и обезбедување на подобри услуги за нив како и подобри услови и стандард за нашите вработени.„   – се вели во демантот, објавен на социјалната официјална фејсбук страна на институцијата.

Би можело да ве интересира

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Елизабета Филипоска

Ирена Јакимовска и Анита Блажевска потпретседатели на Управниот одбор на Стопанската комора

Пела Редакција

Две години Радио Пела во етер и Награди за „13 Величенствени„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе