30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Реактивиран Економскиот совет на Општина Прилеп

Градоначалникот Борче Јовчески на првата, и  воедно конститутивна седница на Економскиот совет посочи дека ќе се формира работно тело на советот во кој што ќе има постојани и непостојани членови кои се дел од бизнис секторот на Прилеп, стопанската и занаетчиската комора, јавните претпријатија, локалната самоуправа, јавниот сектор, невладините и здруженијата на граѓани како и професионалци од областа на културата, образованието, здравството и други.

„Економскиот совет со сигурност ќе претставува еден вид на симбиоза на нашето стопанство, со општината, јавниот сектор, чаршијата и здруженијата на граѓани. Целта е да се решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економски развој на Општината,“ рече градоначалникот Јовчески.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Прилеп – раздвиженост само за пазарење, чаршијата празна

Нови позитивни со Ковид 19 во Прилеп и Крушево

ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари го одбележа својот патрон празник

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе