18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

ЈП „Комуна“ ќе инсталира дигитални водомери во градот Крушево

Со цел да се подобри водоснабдувањето, а загубите на вода да се намалат ЈП „Комуна“ Крушево ќе инсталира дигитални водомери во градот Крушево. Проектот „Дигитална трансформација на јавните водни услуги“ го имплементираат германската агенција ГИЗ во земјава и Македонски Телеком, а ЈП „Комуна“ е избрана како една од три пилот општини кои се вклучени во проектот.

Дигиталните водомери значат подобра контрола врз потрошувачката на вода и дали во одредено домаќинство има дефект, така што  сите податоци ќе бидат достапни дигитално и во реално време. Во оваа прва фаза се очекува ЈК претпријатие да добие околу 300 водомери. Проектот ќе трае до 2025 година.

Би можело да ве интересира

Пет регистрирани пожари вчера во Општина Прилеп

Пела Редакција

Промовирана ,,Ароматична градина Чопела” и нов зачин од проектот „Екпедиција на природата“ во СОУ „Орде Чопела“

Благодатниот оган слезе во Ерусалим! Христос воскресе!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе