3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започнува „Двеодолива Чоко Стоби Флипс“ наградна игра

Витаминка ја започнува големата „Двеодолива Чоко Стоби Флипс“ наградна игра. Награди ќе има на секои два часа,дневни, саботни, неделни и месечни. Во наградниот фонд за најсреќните обезбедени се Веспа Aprilia SR 50, iPhone 8, електричен тротинет Segway ES4, акциона камера GoPro HERO7 Silver, електричен велосипед Mi Yubank, дрон DJI Tello Drone HD WiFi Intel Inside, таблет Samsung SMT560, фотоапарат Fujifilm Instax mini 9 и уште многу други.

„Двеодолива Чоко Стоби Флипс наградна игра“ е наградна игра која ќе се спроведе преку користење на јавниот Вибер профил на организаторот, компанијата Витаминка. Во Наградната игра ќе учествуваат производите Чоко Стоби Флипс (кафен) од 30, 60 и 80 грама, Чоко Стоби Флипс (бел) од 30 и од 80 грама, Чоко Стоби Флипс (кокос) од 30 грама и Чоко Стоби Флипс (без шеќер) од 30 грама.

За да се учествува во наградната игра потребно е да се купи најмалку еден од наведените производи и да се испрати бројот и времето кое е означено на фискалната сметка на која се наоѓа најмалку еден од производите што учествуваат во наградната игра, заедно со име и презиме и телефонски број преку бесплатна порака на јавниот Вибер профил на организаторот, компанијата Витаминка. Наградната игра започнува од 18.03.2019 година (00:01 часот) и ќе трае заклучно до 19.05.2019 година, 23:59 часот.

Едно лице може да учествува во наградната игра со неограничен број на Вибер пораки, но со користење на различни фискални сметки на кои се наоѓа најмалку еден од производите од наградната игра. Секоја фискална сметка може да се искористи само еднаш, без оглед на бројот на производи кои се купени со истата. Учесникот е должен да ја чува фискалната сметка за купените производи, со која учествувал во наградната игра, до завршувањето на истата.

Со испраќањето на фискалната сметка, учесниците учествуваат за некоја од двеодоливите награди за тековната недела, но и за главната месечна награда. Првото извлекување е на 26ти март, а сите фискални сметки испратени во првата и во втората недела учествуваат во извлекувањата во втората недела од наградна игра, но и за првата месечна награда. За првата месечна награда учествуваат сите фискални сметки испратени од првата до петтата недела, додека за втората месечна награда учествуваат сите фискални сметки испратени од шестата до деветтата недела.

„Двеодолива Чоко Стоби Флипс наградна игра“ се спроведува на целата територија на државата а право на учество имаат сите полнолетни физички лица,кои ги исполнуваат условите и кои ќе купат најмалку еден од производите опфатени со наградната игра и ќе го внесат и испратат бројот и времето кое е означено на фискалната сметка преку официјалниот Вибер профил на компанијата. На јавниот профил на компанијата Витаминка на Вибер може да се пристапи преку отворање на линкот https://chats.viber.com/vitaminkachatbot/
Добитниците во наградната игра ќе се извлекуваат по електронски пат преку компјутерска селекција од базата на испратени пораки кои содржат валиден број и време означено на фискалната сметка со која се потврдува купувањето на кој било производ од наградната игра и на истотонема да влијае човечки фактор. Во секоја од 9-те недели на траењето на наградната игра, освен во првата недела, наградите ќе се извлекуваат секој ден, освен понеделник, на секои 2 часа.Резултатите ќе бидат објавувани во рок од 3 дена од извлекувањето за соодветниот ден на интернет страницата www.vitaminka.com.mk/dveodolivanagradnaigra  со објавување на бројот на фискалната сметка и на името и презимето на добитникот.
За времетраењето на наградната игра се достапни и нови Чоко Стоби Флипс вибер стикери кои може да се преземат на линкот https://bit.ly/2Jkl0l1  
Со започнувањето на наградната игра, компанијата Витаминка ја лансира и новата интернет страница. Обновената веб страница е подобрена и модерна платформа, категоризирана и сегментирана според понудените содржини и многу поподатлива за користење. Целосната содржина и сите информации за компанијата и нејзините производи се достапни на 4 јазици, македонски, англиски, српски и албански јазик.Линкот што води до новата интернет страница http://vitaminka.com.mk/
Дополнителни и подетални информации за учеството во наградната игра, може да се добијат преку електронска порака на e-mail адресата: [email protected] или на интернет страната на Витаминка:www.vitaminka.com.mk/dveodolivanagradnaigra .

Би можело да ве интересира

Денеска е Света Марина – Огнена Марија

Гордана Цветаноска

ИН МЕМОРИАМ – ПОЧИНА МЕТОДИЈА КОСТОСКИ МЕШТА, прилепски менаџер, визионер и спортски работник

Елизабета Филипоска

Хуманитарната трка на прилепчани низ фотографии

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе