Увоз на работна сила бараат пелагониските стопанственици во недостиг на квалификувна работна сила и пооедноставување на постапата за престој на работни визи на лица од странство
„Фактите се на страната на Пелагонискиот регион,бидјеќи 11 % од додадената вредност на правните субјекти учествуваат во создавањето на бруто домашниот производ во Македонија. Но можностите за надминување на најгорливите прашања се: недостигот на оперативна кавалификувана работна сила. Во одоос на оператината работна сила разговаравме и за увоз на работна сила од други земји и пооедноставување на постапата за престој на работни визи на истите..Имаме и конкретни работни задачи на кои можеме да поработиме сите компании , задно со владините мерки од 20 милиони евра неискористени средства за тренирање на потенцијална работна сила“ – рече Претседателот на Регионалната Стопанска комора – Прилеп,Ирена Јакимоскиа на вчерашната средба со Премиерот и Владината делгација со стопанствениците од Прилеп и Битола
Заев истакна дека овој регион е многу значаен за Република Северна Македонија и ја истакна важноста од изградбата на патните регионални и магистрални правците
„Но она што му е битно на бизнис секторот е недостатокот на квалификувана работна сила. Еден дел од Светот се движи со давање на мобилност на кфалификувана работна сила, што значи дел од нашите квалификувани кадри кои неможат да најдат работа тука , можат да најдат работа во дел од соседството , но и дел од работната сила во соседството може да најде работа овде .Тоа е во делот на Европската економска агенда за регионот. Што се однесува до визниот режим за одредени земји, ако сакаат работници да дојдат во нашата земја , не само работна сила, туку и како турисит ,поттрошувачи …,тие дебати се отворени во Владата ,со министрите . Стопанствениците гледаат надеж за кфалификувана работна сила и во вавките механизми“- рече Заев на средбата со прилепските и битолските стопанствениц во Прилеп