Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во средно образование во учебната 2019/2020 година.
Првото пријавување ќе биде на 17 и 18 јуни,.Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени ден подоцна.
Во петте средни училишта во Прилеп според конкурсот слобни места има за запишување на вкупно 1 500 ученици. Во ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“во прва година места ќе има за 306 ученици, во 9 паралелки, со настава на македонски јазик според наставните планови и програми, во СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ во прва година предвидено е да се запишат 340 ученици во 10 паралелки, во СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ во прва година ќе запише 306 ученици, во 9 паралелки , во СРЕДНО ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО ПРАВНО ТРГОВСКО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ“ во прва година ќе се запишат 238 ученици, во 7 паралелки .СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО“ во прва година ќе запиши 356 ученици, во 11 паралелки .
Што се оденсува до Крушево во единственото СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ“ во прва година места има за 170 ученици, во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми и тоа за гимназиско образование – 68 ученици за 2 паралелки и Угостителско-туристичка струка – 102 ученици во 3 паралелки.
Второто пријавување и запишување на учениците во прва година средно училиште е на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.