23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(ФОТО) Како денот на шегата 1-ви Април го одбележа Крушево?!

100-тина маски продефилираа на градскиот плоштад во Крушево каде денеса во духот на шегата и смата 1- ви Април, се одржа традиционалниот прво априлски маскенбал , во организација на ООУ „Никола Карев“ Крушево и СОУ „Наум Наумовски Борче“,  со поддршка од општина Крушево, и локалните стопанственици.

Во маскенбалот главно учестуваа учениците од основното и средното училиште. Беа доделени први награди за групни и индивидуални маски.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на маскенбалот и додели една награда.

„И покрај состојбата со пожарите околу Крушево, се чувствував обврзан да присуствувам на маскенбалот и да ја видам креативноста и оригиналноста на децата и младите. Верувам дека на сите присутни младите со своите маски им го разубавија денот“, изјави Христоски.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на Армијата во Прилеп по повод 75 год. од формирањето на НАТО

Бука околу прилепските фонтани

70 години списание „Стремеж“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе