7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Средното училиште „Орде Чопела“ го одбележува патрониот празник

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, претставници од средното училиште „Орде Чопела“ и Здруженијата на борци од Прилеп и Битола со положување на свежо цвеќе на Могилата на непобедените го започнаа чествувањето по повод 77 годишнината од смртта на народниот херој Орде Чопела.
Ученици од средното училиште „Орде Чопела“ кое денес го слави својот патрон празник положија свежо цвеќе пред бистите во Алејата на народните херои, пред бистата на херојот која се наоѓа во училишниот двор и во населбата Варош.
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното „Орде Чопела“ во попладневните часови со почеток од 18.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи Свечена академија посветена на ликот и делото на народниот херој Орде Чопела.

Јордан Чопела или Орде Чопела е роден во Варош, прилепско, на 1 мај 1912, починал во Битола, на 9 април 1942.
Активен бил во здружението на тутунопроизводителите. Поради учеството во организирање на штрајк против Монополот, со цел да се зголемат откупните цени на тутунот, му била испратена покана за воена служба. Таму, исто така, организирал бунт поради квалитетот на храната и бил осуден на три месеци затвор.
Чопела бил активно вклучен во Народноослободителното движење за време на Втората светска војна во Македонија. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп е формирана Прилепска воена комисија. По директива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, во јануари 1942 година престојувал во Битола, каде што требало да подготви партизански одред во Битолско.
На 8 април 1942 година во Битола Јордан Чопела бил предаден, и по куса борба бил смртно ранет од страна на бугарската фашистичка полиција. Починал на 9 април 1942 година.
За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прв ден во градинка – потребна е адаптација за полесно прилагодување кон новата средина

Земјоделскиот сектор допрва ќе отвора перспективи за младите кадри -Александра Кулевска, раководител на експозитури во СН Осигурителен Брокер

Гордана Цветаноска

СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу “- Прилеп, Ваш избор, ваша иднина – Учи паметно, работи стручно (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе