Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески во рамките на денешната посета на општина Прилеп го посетија градскиот пазар и се сретна со сопствениците на такси службите За време на обиколката, на пазарот заменик министерот за локална самоуправа, Павлески и директорот на претпријатието, Илиески разговараа со дел од пазарчиите за функционалноста на пазарот и проблемите со кои се соочуваат самите пазарџии и Јавното претпријатие.Најавено е фотоволтаични панели и нов кров за подобра функционалност на прилепскиот пазар.
За 2019 година се обезбедени вкупно 7 милиони евра, во Пелагонискиот регион досега преку една од компонентите одобрени се осум проекти во вредност од околу 500 илјади евра.-рече заменик министерот
Со заеднички заложби на Општина Прилеп и Министерството за образование, ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ наскоро ќе добие фискултурна сала
Денеска во работна посета во Прилеп беше и заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов кои заедно со градоначалникот Илија Јованоски, го посетија ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“. На средбата со директорката на училиштето, Кети Стевананџија, заменик министерот и градоначалникот разговараа за реализираните и тековните проекти, како и за проблемите со кои се соочуваат вработените и учениците во ова училиште
„Може да се пофалиме дека општината издвои 3,5 милиони денари во изминатата година. Реконструирани се тоалетите и повеќе од 10 училници и сето она што беше приоритет од страна на инфраструктурата. Министерството за образование, заедно со Агенцијата за спорт и млади и другите институции при Владата, интензивно работат на реконструкција на основните и средните училишта. Агенцијата за спорт и млади во наредниот период ќе гради 14 училишни базени, а заедно со Министерството за финансии обезбедивме средства за реконструкција на сите ученички и студентски домови во државата.“-рече заменик минстерот за образование при посетата на Прилеп
Исплатени се субвенциите за тутунарите, над 90% од откупениот тутун е прва и втора класа
Денеска во Прилеп беше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николоски, кој потсети на навремената исплатата на субвенциите за тутунот од изминатата реколта
„Меѓутоа електронскиот систем на Министерството сеуште работи и во следните неколку денови ќе имаме конечна состојба за реколтата 2018 во поглед на сите податоци и за она за што се издадени бели картони или евидентни листови од страна на нашите подрачни единици. Очекуваме и 2018 година промената на самиот модел кој ги мотивира тутунопроизводителите да произведуваат поквалитетен тутун, а тоа е еве од 25 милиони килограми, 21 милион, одосно близу 8 милиони се прва класа, а 13.3 милиони се втора класа. Нешто над 3 милиони килограми се трета класа и четврта и останати, е многу мала количината“, потенциираше Николоски.