Според обичајот ,граѓаните на Прилеп, за најголемиот христијански празник,Велигден ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски , во новите и стари градски гробишта.
Во пресрет на празникот, и оваа година вработените во Јавното претпријатие Комуналец спроведоа повеќедневна акција за генерално чистење на старите и новите градски гробишта. Оттаму велат дкеа со помош на единицата од паркови и зеленило, уредени се патеките, собран е отпадот од косената трева и лисја, уредени се влезовите и паринг просторот.
Новите градски гробишта зафаќаат оградена површина од над 295.илјади м2. , на кои има 14.316 гробни места.
Од Комуналец апелират и до граѓаните, кои деновиве пред Велигден, сами ги чистат површините околу гробните места, собраниот отпад, да го одлагаат во корпите за отпадоци и контејнерите , кој се поставени , а не да го фрлаат до соседното гробно место, што често се случува.
Воедно, и за вереме на посетата за Велигденските празници Комуналец ги замалува граѓаните да не го фрлаат отпадот, насекаде, зашто овие спомен почивалишта, заслужуваат да бидат уредни и чисти, а тоа е обврска на сите.