11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

По пандемијата зголемено насилството врз жени и девојчиња (ВИДЕО)

Во рамките на Кампањата „16 Денови активизам против родово базирано насилство“, денеска во Прилеп се одржа трибина на тема „Мултисекторски пристап за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство“  во организација на Здружението ЕХО во соработка со Македонски полициски синдикат, Министерството за внатрешни работи, општина Прилеп, а учествуваа претставници од општите даватели и специјализирани даватели на услуги за жени и девојчиња изложени на насилство како и експерти од областа.
Зголемен е бројот на пријави за насилство велат од невладината која го реализира проектот од 2021 година.

„Досега преку 200 услуги имаме дадено преку проектот како што се бесплатна помош, ресоцијализација, правно застапување. Насилството не се случува само дома туку и на работни места, особено преку интернет. Има нови форми и затоа се обучуваат лица за постапување при заштита. За 30 проценти е зголемено пријавувањето на насилство, особено сега по кризата со пандемијата“, рече Бети Пеева од организацијата ЕХО.

Се подготуваат измени во легислативата кои треба да придонесат за поголема координација во заштитата на од родово базирано насилство. Од полицијата посочуваат дека најраспространето е психичкото и физичкото насилство врз жените.

„Го креваме гласот во заштита на жените и девојчињата од насилство не само од индивидуално, туку и институционално. Најраспростането е психичкото и физичкото насилство. Кога беше пандемијата имавме зголемен бројот на пријавени насилства врз жени и девојчиња. Беше зголемен трендот на психичко насилство. Сега е стабилна состојбата. Имаме координативен пристап во заштитата со ЦСР Прилеп, со судот, со сите институции,“ рече Емилија Велкоска, началник од прилепската полиција .

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа кој делува во прилепска Пелагонија, координирано со институциите успева да им ја овозможи помошта и заштитата на жртвите. Состојбата е стабилна и нема зголемување на бројот на пријави, потенцираше Дејан Тошески, директор на МЦСР Прилеп. Кампањата „16 Денови активизам“ годинава е со светско мото „Обедените се“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прилепски ученици го поставија, албански планинари го симнаа македонското знаме од Кораб

Пела Редакција

Состојбата со Ковид 19 се влошува

Елизабета Филипоска

Како да се зачуваaт прилепските „златни белегзии“?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе