14.5 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

По поразот од Академија Пандев, Победа ита кон второлигашкото друштво

Победа е се поблиску до Втората фудбалска лига во Македонија. Денеска екипата на Победа беше поразена со 1:3 од Академија Пандев на заостанатиот меч и на пет кола до крајот.
Победата на гостите денеска ја осигураа Дориев, Мишов и Стојков а единствениот погодок за домаќините го постигна Макота за домашниот тим на Победа.
Со денешниот натпревар Победа е на дното од табелата со 23 поени, со 8 помалку од Беласица и 11 негатива зад Силекс.
Академија Пандев се наоѓа на третата позиција која води во квалификациите во Лига Европа идната сезона, односно со 11 бода повеќе од Шкупи на пет кола до крајот.
Победа за да се спаси треба да се случи навистина чудо, односно треба позитивни резултати во сите 5 натпревари до крајот, додека пак Силекс треба да загуби на четири од петте последни мечеви.

Би можело да ве интересира

Универзална ги врати ракометните спомени – Пролет прва на турнирот „Миле Нешкоски“

Елизабета Филипоска

Лавовска битка за бодови на својот клуб – асовите од прилепскиот боксерски клуб одлични во Штип (ВИДЕО +ФОТО)

“Потона” бродот на европскиот првак – Фалангата заслужено се радува а фудбалерите ќе уживаат во новата светска сензација (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе