7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Џудистите од Сеишен од Косово си дојдоа со грст медалји

ЏК Сеишен викендов, беше дел од Меѓународен Турнир во џудо “Џудо за мир” кој се одржа во Пеќ Косово. Прилепскиот џудо клуб зеде учество со 5 натпреварувачи во кадетска и сениорска конкуренција.
Сите учесници се закитија со медалји во силната конкуренција и тоа освоени се и 5 медалји, 4 сребрени и 1 бронзен.

Во кадетска конкуренција:Теодора Димеска во конкуренција до 48 кг. го освои второто место, Марија Талеска до 48 кг. го освои третото место, додека пак Николче Јакимовски до 66 кг. се закити со сребрен медал.
Во сениорска конкуренција Константин Шеќероски до 90 кг го освои второто место, како и Марио Цинцароски во категорија до 100 кгр кој исто така се закити со сребрениот медал.

Би можело да ве интересира

Трет ден од турнирот во мал фудбал

Елизабета Филипоска

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Пела Редакција

Победа и Куманово ќе ги одмерат силите во баражот (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе