11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

До крајот на мај барања за кофинансирање за набавка на трактори

Земјоделските стопанства, од денеска до крајот на мај, ќе може да конкурираат за добивање средства за набавка на трактори. Вкупните прифатливи трошоци по поединечен корисник за набавка на трактор изнесуваат до 3.500.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Но, процентот на ко-финансирање се зголемува на 55 отсто од вредноста на инвестициите доколку носителот на земјоделско стопанство е млад земјоделец (од 18 до 40 години старост). Поголемо 60% кофинансирање е предвидено доколку инвестицијата се реализра во подрачје со ограничени можности, 65 отсто кофинансирање од вкупната вредност се доделува за инвестиции поднесени од млади земјоделци чии што земјоделски стопанства се наоѓаат во подрачје со ограничени можности и 75 % кофинансирање е предвидено за инвестиции во недостапни рурални заедници.
Оваа година во Програмата за рурален развој двојно е зголемена вкупната финансиска поддршка за набавка на трактори, од 30 милиони денари, годинава издвоени се 60,2 милиони денари.
Барателите, потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локацијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.4.Набавка на трактори, велат од Агенцијата.
Сите заинтересирани лица треба да имаат минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни или на една земјоделска култура и минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено.
Преку овој повик може да се набават трактори, но, не и приклучна земјоделска механизација. Приклучна механизација во иднина ќе може да се набавува преку ИПАРД програмата на некои од наредните повици. Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.
Сите заинтересирани, барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
www.ipardpa.gov.mk

Би можело да ве интересира

Работниците од Комфи Ангел покажаа висок степен на одговорност за заштита на здравјето

Елизабета Филипоска

Златна плакета за најдобар менаџер на ЈСЕ-Ирена Јакимоска

Елизабета Филипоска

Oд полноќ цената на бензинот се намалува за 5 денари, а на дизелот за 6 денари

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе