5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Традицијата продолжува – 60-сет илјади посни сарми за патрониот празник „Св.Никола“

Прилеп се подготвува за големиот христијански празник „Свети Никола“, којшто од пред 11 години е прогласен за заштитник на градот и негов патрон празник. Традиционално прилепските домаќинки од сите женски здруженија со песна, со насмевки ги виткаат малите посни сарми. Кумови на годинешната градска слава се сопствениците на хотелот „Салида“.

 

„Во подготвување на светиниколските сарми, на посната градска трпеза сме вклучени секоја година и оваа. Со радост сме овде и со желба, и годинешната посна трпеза да биде вкусна,зашто Прилеп и прилепските домаќинки се прочуени по вештините да ги подготвуваат вкусните посни сарми.Со оваа традиционална прилепска сарма влеговме во Гинис, 2008 година “, изјави Лилјана Ѓорѓиеска.

 

“Свети Никола останал од прадедовци, нè здружува секоја година, со песна со игра, со ора. Ние како граѓани се гледаме на слави, имиња и на овие прекрасни манифестации“, рече Љубица Петреска, од организацијата на жени „Мајка Традиција“.

 

За сопствениците на хотелот „Салида“, како што велат кумството е голема чест за компанијата.

„Ќе се потрудиме заедно со Општината, организацијата на овој настан да биде на највисоко ниво. За патрониот празник на Прилеп, Свети Никола’, ќе бидат свиткани повеќе од 60.000 мали посни сарми. За трпезата пак што ќе биде поставена за граѓаните, на 19 декември во центарот на Прилеп, ќе бидат употребени 1.000 кгр. зелка, 700 кгр. грав, 700 кгр. ориз, 700 литри масло за готвење, 500 кгр. риби, бело и црвено вино, безалкохолни пијалоци и 800 литри ракија“, рече Ице Ѓорѓиоски, сопственик на хотелот „Салида“

 

Градоначалникот Илија Јованоски по средбата со домаќинките во манастирот „Свети Димитрија“ и по ведрите разговори со нив и годинешните кумови, изрази огромно задоволството што продолжува оваа традиција. Како што рече по примерот на Прилеп и другите градови во Македонија започнаа да поставуваат православни светители за свои заштитници.

 

Општина Прилеп и хотелот „Салида“ ги покануваат граѓаните на чествувањето на градската слава „Свeти Никола“, што ќе започне во 08:00 часот со Света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“. Во 12:00 часот ќе се изврши водоосветување и прережување на празничниот колач пред параклисот што го носи името на светецот, во центарот на градот. А, во 12:30 часот ќе биде благословена градската трпеза со што ќе биде означен и почетокот на празничниот ручек.

Би можело да ве интересира

41 години од смртта на Јосип Броз Тито- најдобрите негови пораки

Елизабета Филипоска

Ќе се врши дезинсекција во Прилеп и населените места

Пела Редакција

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Камен дол, на патот Росоман – Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе