30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Блокиран регионалниот пат Прилеп-Градско, се бара прекин на ископот кај Оревоец  

Ореовчани, прилепчани и поддржувачи од соседните градови денеска неколку часа утринава (од 6 и 30 до 9 часот) го блокираа регионалниот патен правец Прилеп – Градско, на Заполшки мост, на излезот од Прилеп. Протестираа барајќи итно решение од заканата по здравјето  и на природата со ископот на Бехтел и Енка кој се наоѓа само неколку стотина метри до селото Оревоец. Бараат преговори со надлежните од Јавното претпријатие за државни патишта и од Министерството за транспорт и врски.

Велат дека има решение на проблемот со дислокација на ископот за мермер кој треба се користел како градежен материјал – тампон, за потребите при изградба на патните правци коридорите 8 и 10д.

Доколку во текот на оваа работна недела преговори не се случат, од граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ најавуваат секојдневни блокади на регионалниот пат Прилеп- Градско.

Би можело да ве интересира

Прилеп одбележа 21 година од масакрот кај Карпалак

(ГАЛЕРИЈА) Снежно Крушево полно со туристи, проодни улици во градот и селата

Советот на Општина Прилеп ја одржа првата седница годинава

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе