7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 7 до 15 јуни.

сцена од минатогодипниот фестивал

Прилеп се подготвува  за почетокот на  МТФ „Војдан Чернодрински“. Во официјална конкуренција на годинашниот фестивал ќе бидат осум претстави: претставата на МНТ „Магбет“ во режија на Нела Витошевиќ , „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ  од Драмски театар – Скопје, претставата „На отворено“ во режија на Андреј Цветановски на театар Комедија, „Смртта на Дантон“ во режија на Дино Мустафиќ на Албанскиот театар, „Физика на тагата“ на Кумановскиот театар, во режија на Милош Андоновски,  „Бакхи – краток преглед на распадот“ во режија на Игор Вук Торбица – Битолскиот театар, Струмичкиот театар ќе се престави со претставата „Животинска фарма“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски  и „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на театарот, домаќин „Војдан Чернодрински“- Прилеп.

Наградите за животно дело оваа година ќе им припаднат на истакнатиот македонски режисер Владимир Милчин и на актерот Бајруш Мјаку.

„Новитет ќе биде електронизирање на фестивалот, кој ќе биде присутен на Фејсбук. Инстаграм, ќе има нова веб страница. Исто така битна новина е наградата на публиката, која е најдобрата во Македонија, која знае да следи театар. Публиката ќе може да гласа за претставите и ќе се доделува наградата што ќе биде статуетка од мермер и ќе ја спојува театарската уметност и градот. Фестивалот ќе биде отворен со театарска музика на Влатко Стефановски на седми јуни, а придружната програма ќе биде дополнително утврдена – беше  соопштено на денешната прес-конференција од страна на уметничкиот директор, Катарина Хаџи Василева Коцевска

Претстави ќе има и во придружна програма од театрите кои не се официјалната програма а годинава се враќаат тркалезните маси, кои ќе се одржуваат веднаш по завршувањето на претставата во официјална конкуренција.

МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи по 54-ти пат од 7 до 15 јуни.

Би можело да ве интересира

Отворена изложбата со над 500 маски изработени од учениците

Гордана Цветаноска

Со звуците на обоата

Елизабета Филипоска

Како Варош „дошол“ до Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе