7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

КУД „Дримкол“ од Вевчани со целовечерен концерт во Прилеп

Под мотото „ Со песна и оро до височините“ во четврток, од 20.00 часот на платото пред ЦК„Марко Цепенков“ (арт плоштад) целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани.
Концертот е во рамките на Прилепското културно лето и е во програмата на ЦК„Марко Цепенков“ поддржана од Министерството за култура.
Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со своето долгогодишно постоење има оставено белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности.
Формирано е под името Печалбар, а подоцна се преименува во „Дримкол“ и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност. Како национално богатство друштвото ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоените дипломи, награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали .
Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Република Македонија. Но и покрај изворниот фолклор на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава. Друштвото денес брои 175 активни членови од 7 до 55 години распоредени во составите кои работат во рамките на друштвото:фолклорните ансамбли, пејчката група, изворниот оркестар.
КУД „Дримкол“веќе неколку години е класифицирано како друштво од Прва категорија во рамките на Министерството за култура на Република Македонија, класификација која од една страна претставува признание за долгогодишната успешна работа, а од друга страна и мотив за поголем придонес во развојот на Македонската култура и традиција.

Би можело да ве интересира

Отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”

Елизабета Филипоска

Промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“

Гордана Цветаноска

Откриена црква и човечки скелети од 15 и16 век

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе