11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Има ли спас за прилепскиот машки ракомет?! Каде ли плови овој брод?!

Кога политичката еуфорија заврши, (ако заврши) да се вратиме на реалните проблеми и потреби! Ќе има ли Прилеп врвен ракомет или тоне уште еден прволигашки спорт во Прилеп. Најмсовниот и најтрофениот спорт во Македонија, ракометот, за Прилеп , кој некогаш важеше за ракометен град ,  е само минато и спортско измачување .и за играчите, и за публиката, за која в прочем се игра спортот.  За ова говори и последниот натпревар на домашен терен.

РК Прилеп и РК Радовиш ја одработија својата задача во 10. коло од плеј-аутот во Супер лигата, но како во кошаркарски натпревар  со резултат за Гинис .на натпреварот беа постигнати 86 гола. Да, да добро прочитавте!  Победата ја однесе Радовиш со 32:54 голови.  Тоа беше катострофален и немилосрден пораз за ракометарите на РК Прилеп на домашен терен, а малкубројната публика, не можеше да го дочека крајот на  натпревар, желејжи на она што му се случува на ракомеот во Прилеп. На полувреме заостанувањето на РК Прилеп беше 12 гола, 13:25, натпревар во кој победникот беше очигледен уште по првите минути , а младите ракометари на РК Прилеп немаа шанси да се спротивстават на составот од Радовиш.

Спортскиот портал, кој го следи ракометот „ 24ракомет“  напиша “Бундес лига ли е, Супер лига ли е: Радовиш броеше до 54 во Прилеп!“

А, како љубители на ракометот се прашуваме , ќе го снема ли и овој спорт од мапата на прилепскиот спорт и од  врвниот македонски ракомет,  како што го снема прилепскиот врвен фудбалот од картата на највисокото фудбалско македонско натпреварување.  Каде ли плови овој брод?!

Би можело да ве интересира

Екипата на Младост 96 е нов македонски шампион во пинг-понг (фото)

Елизабета Филипоска

СЛАВЈЕ, ТИШИНА, ПА ПАК СЛАВЈЕ ВО ПРИЛЕП

РК Прилеп 2010 не стартува со тренинзи – причина неисплатени плати!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе