1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Бомба во центарот на Прилеп – ФОТО

Откриена бомба во кафетерија Кафеин во центарот на Прилеп. Со оглед на тоа што денеска во Прилеп е пазарен ден, а станува збор за најфреквентно подрачје, во близина на градскиот саат граѓаните видно вознемирени и во паника, а посебно дуќанџиите наоколу .

Некаде, околу 11 часот и 30 минути , по дојава, итна интервенција направи полицијата која  пристигнале на лице место, заедно со едно противопожарно возило каде беше  откриена и деактивирана една бомба во каетеријата „КафеИн“ во центарот на Прилеп.  Кафетеријата е веднаш испразнета,  а се претпоставува дека во неа се поставени  три експлозивни средства Пешачката зона е веднаш блокирана од страна на крим техниката од СВР – БИтола , а полицијата неколку часа работеше на случајот, со цел да се открие дали има сеуште некое експлозивно тело во кафетиријата и да ја стави пешачката зоната безбедна.

Бомбата се наоѓа меѓу ови две столици,доли до нивните ногарки

Како редакција се обидовме да стапиме во контакт со портпаролот на СВР-Битола, со цел да дознаеме подетални информации за оваа случка, но не успеавме да ја добиеме

Во текот на денот очекување информации од надлежните.
ФОТО:

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајна незгода

Во двор во Канатларци пронајдени 50 рачни бомби од Првата светска војна

Фабриките за медицински канабис од Прилеп и Битола останаа без дозволи

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе