15.3 C
Прилеп
недела, 20 април, 2025
Пела Радио

Барањата на работниците од „Еурокомпозит“ пред разрешница, Владата го усвои Предлог законот, на ред е Собранието

Владата го усвои и до Собранието го достави Предлог законот за претворање на побарувањето на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп. Со тоа се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост,се вели во соопштението.
Практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што, како што велат од владината прес служба, се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.
Со овој закон се уредува начинот и постапката за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп“ – се додава во соопштението.
Законот е доставен до Собранието на Република Македонија и во согласност со агендата на Собранието, од Владата очекуваат да биде усвоен во што е можно покус временски рок.

Би можело да ве интересира

Обвинувања за злоупотреби и криминал во ЈКП Пазари

Витаминка во Париз на саемот СИАЛ

Гордана Цветаноска

Јакимовска: Во услови на скапа струја бараме инсталирање сопствени панели на сончева енергија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе