16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Витаминка со ликовите “Minions” ќе го освојува британскиот пазар

До крајот на септември годинава мега популарните “Minions” ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на сирење што ќе се најдат во маркетите во Велика Британија. „Витаминка“ се стекна со право на користење на ликовите “Minions” за производство на продукти од сопствената производна програма. Станува збор за бренд што е сопственост на една од водечките светски медиумски компании за развој, производството и маркетинг на забавни содржини, вести и информации за глобалната публика “NBCUniversal”.
За стекнување со наведените права, односно отпочнување соработка во овој дел, компаниите подлежат на исклучително строга ревизија и контрола на секој аспект од производството и севкупното работење, со цел да се осигураат строгите критериуми кои мора да бидат задоволени. „Витаминка“ доби ревизорски извештај со највисоки оценки што овозможи важност на сертификатот за наредни две години, без задолжителна едногодишна реевалуација.
Како за почеток ќе се произведуваат тематски пакувања по повод празникот “Halloween” на кои ќе бидат претставени омилените анимирани ликови “Minions”. Оваа верзија на Стоби Флипс исклучиво ќе биде наменета за пазарот во Велика Британија, за купувач со стекната лиценца од “NBCUniversal”.
По докажаната сериозност и професионалност на компанијата „Витаминка“, со исполнувањето на строгите критериуми и високите светски стандарди, се постави основа и за понатамошна соработка и отпочнување преговори за дополнително производство на продукти под брендот “Minions“.

Би можело да ве интересира

Комбинатот остварил добивка во првите 6 месеци од годинава

Мирчески: Ако и годинава тутунот се откупи по мизерни цени, тоа ќе е крај на тутунопроизводството!

Министер Хоџа: Ако има потреба од пролонгирање на откупниот рок, ќе реагираме со измени во законот (Видео)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе