8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Леон Најдовски нов фудбалер на Победа

Известива: Никола Димески

Прилепска Победа го ангажира 25-годишниот дефанзивец Леон Најдовски. Станува збор за фудбалер кој настапува на штоперската позиција а во својата досегашна кариера настапувал за Работнички, Македонија ЃП и Тетекс.
Инаку, во пријателски натпревар во битолското село Црнобуки комбиниран состав на Победа одигра пријателски натпревар со истоимениот домашен третолигаш. Конечен резултат 2-4 полувреме 0-0. Првите сениорски голови за Победа ги постигнаа младинецот Благојче Ристески и 15-годишниот помлад пионер Христијан Поп-Антоски, а двоен стрелец беше 23-годишниот Ерџан Ибраимоски од Ново Црнилиште, кој е на проба во прилепскиот второлигаш.

Би можело да ве интересира

ПОРАЗ НА ПРИЛЕП ВО БИТОЛА

Елизабета Филипоска

ИН МЕМОРИАМ

Гордана Цветаноска

18 МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ НА СЕИШИН- ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе