25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прва изложба на Оливер Маринкоски во Прилеп

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дигитални генерирани слики од Оливер Маринкоски, кој за првпат ќе се претстави пред прилепската јавност.
Авторот е иронично настроен критичар кон некои трендови на модерната цивилизација чии последици одамна ги чувствуваме. За разлика од неговите претходни дела на надреализам, хорор и антропоморфни суштества, тој со оваа изложба на дигитални генерирани слики гледа да ја достигне истата цел, но со совршенството на античките старословенски божества претставени рамо до рамо паралелно со новите римски и хеленистички еквиваленти.
Оливер Маринкоски, роден во Тетово. Завршил средно уметничко училиште во Скопје и Факултет за уметност и хуманистички науки на Тетовскиот Универзитет 2005- 2009. Работи како графички дизајнер и 3Д моделар.
Има реализирано три самостојни изложби во Скопје , а учествувал и на групни изложби во земјава.

Би можело да ве интересира

Изложба од прилепскиот академски уметник Филип Јовески

Пела Редакција

Вечерва премиера на претставата „Саатот“

110 години од смртта на Атанас Бадев

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе