-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Марко утре стартува со маратонот посветен на ретките, подготвен за освојување на езерото

“Господе, и денес велам нека биде ВОЉАТА твоја!
Спремен за ГОЛЕМИОТ подвиг – за освојување на езерото и 64км – за РЕТКИТЕ!”

Часови остануваат до големата битка на уште поголемиот борец Марко Пејчиновски со Охридското Езеро. Тој интензивно се подготвуваше да исплива нов подвиг долг 64 километри , кој го посветува на лицата со ретки болести и нивната секојдневна битка со предизвиците во животот.
Рутата на овој маратон е Охрид, Св.Наум, Струга, Охрид. Поаѓањето е од Охрид на 27.08.2019 и се очекува пристигнување на целта на Градското пристаниште во Охрид на 28.08.2019 во вечерните часови.
За таа цел и во знак на поддршка на лицата со ретки болести, изработени се специјални маички по цена од 300 денари. Истите може да се подигнат во среда, 28 август, на денот кога Марко ќе плива нов подвиг, на штандот кој ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот, се до пристигнувањето на охридската пливачка легенда на целта.

Приходот од продажбата на маичките ќе оди во хуманитарни цели, односно за лицата со ретки болести!

Би можело да ве интересира

Седница на Совет: Пивофест ќе има, но организаторот е променет

Елизабета Филипоска

ФК Победа со победа ја започна сезоната во ПМФЛ

Елизабета Филипоска

Реконструкцијата на патниот правец Прилеп- Вештачко езеро, почеток на изградбата на патната инфраструктура во општината

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе