11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Македонците во Австралија на 8 ми септември ќе протестираат

По повод националниот празник 8 Септември Денот на независноста на Македонија, во Австралија, Македонците се организираат преку социјалните мрежи и организации на протести против промената на името на државата и забраната за употреба на симболот од Кутлеш, шестаесеткракото сонце.
Протестите, според најавите ќе се одржат пред македонската амбасада во Канбера. Исто така, македонските организации најавуваат дека нема да присуствуваат и на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн по повод Денот на независноста 8 ми септември. Причината за ова е, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија, срамниот Преспански договор и илегалната промена на името.
Тие велат дека традиционално за 8 Септември Македонците присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн. Оваа година тие оваа церемонија ќе ја бојкотираат, ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш. За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја. Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име. „Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки“, велат Македонците од Мелбурн.


Во исто време најавен е и протест на 8 ми септември и пред македонската амбасада во Париз.
Воедно, дијаспората од Австралија повикува на бојкот на концертите на „Танец“ , чие што гостување традиционално предизвикува огромен интерес кај Македонците во таа земја. Причината за тоа се како што се наведува во иницијативата за бојкот на овие концерти затоа што „Танец“ веќе не е „ансамбл за народни игри и песни на Македонија“.
Танец планира гостувања на 17 ноември во Мелбурн, на 22 ноември во Канбера и на 24 ноември во Сиднеј, по повод 70-годишнината од основањето. Овие концерти доаѓаат непосредно по промената на името на „Танец“ во национална институција на народни игри и песни на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Три пријави за физичко насилство и вознемирување

Пела Редакција

Премиерот Зоран Заев во посета на Кривогаштани и Прилеп

Гордана Цветаноска

Дали „Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе прераснат во аматерски театарски фестивал за средношколци?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе