4.5 C
Прилеп
недела, 10 ноември, 2024
Пела Радио

77 години слобода, Прилеп се подготува за одбележувањето – Заев во Прилеп по повод празникот

Прилеп е подготвен за одбележувањето на 11-ти Октомври,  денот кога започна НОБ на Македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Првата го нападнала бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата имала задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација. Оваа година се одблежуваат 77  години (1941 -2018 г.) од тој настан кога пукнала  првата пушка против фашизмот и започнал организираниот напад против окупатрот

Честувањето по повод овој голем државен празник ,во Прилеп,. започнуваат од недела, 7-ми октомври со традиционалниот меѓународен турнир во џудо и со гостувањето на хрерцегоскиот театар „„Пучка сцена„ со театарската претстава „Куќа за рушење“

Недела ќе се одржи спортскиот турнир во одбојка за жени ,а следниот ден одбајка ќе играат ветераните.Премиерната преставата на народниот театар „Војдан Чернодрински„“Казимир и Каролина“ исто така се во програмата за чествувањето по повод празникот 11-ти Октомври.

Ден пред празникотм на  10-ти октомври, ќе биде организиран И традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот Крст од Прилеп. Манифестацијата денови на медот,излозба и поставувањ на мермерна плоча со рејлеф на орденот “ Прилеп народен херој“ (кој е загубен како орден),ќе бидат дел од одбележувањето на празникот

Централната манифестација ќе започне од 18 ,оо ч кога поздравен говор ќе одржат градоначалниците на Прилеп и Куманово, градовите  каде пред 77 години пукнала првата пушка и се дигнало востанието на Македонскиот народ против фашизмот како светско зло и со намера Македонскиот народ да  создаде  сопстена држава,На одбележувањето  по повод честувањето на 77 години од овој настан ќе присуствува, и ќе има поздравен говор и премиерот на Р:Македонија , Зоран Заев.

Традиционалнот импровизиран напад наУчастакот  ќе започнат во 19,55 ч, како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година ,по што следи огнометот како симбол на слободата и ослободувањето на македонскиот народ .

11-ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ е  дрважвен празник. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квинслишка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. На овој ден делегации од локалната власт , политчки партии, преставници од учесници во НОБ и  нивни поддржувачи, грашани ќе положат цвеќе на спомникот на Методија Андонов Ченто,Куззман Јосифоски Питу  и на Могилата на непобедените во Прилеп.

Честувањто на овој празник завршува 12 октомври со неколку култруни настани.

Би можело да ве интересира

Јованоски: Наесен во Мало и Големо Коњари ќе заврши изведбата на канализационите мрежи

Детската желба од Миа се претвори во мала шумичка кај Селце

Гордана Цветаноска

Видео:13 години без Тоше!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе