11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба која не треба да се пропушти

 

Ликовниот уметник,  Александар Станкоски,  пред Прилепчани ќе се престави со изложбата, насловена  „СОСТОЈБИ“, која утре ,   / 13 ти септември ,петок, 19.30 ч/ ќе биде отворена во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

„Отсекогаш сум гледал на уметноста како на бескраен духовен простор со огромни интерактивни капацитети. Тоа, од оваа манифестација на вселенската мудрост создава творби низ личноста на уметникот, кој посредува помеѓу духовното и материјалното, имагинативното и конкретното. Уметничкото творештво е трансформација на невидливата потенција во видливите креации. Сето ова создава чудесни патувања низ можностите и очекувањата, ораничувањата и идеалот. Некои уметници, па дури и уметнички дела, се вообличуваат низ тешки маки и страданија, додека други, низ забава и игра, подобна на детската. Сето ова искуство е комбинација на овие два аспекта, агонија и екстаза, болка и задоволство, заедништво и изолација и, конечно, непоимливата генеза на состојбите на свеста. Затоа уметничкото творештво е во непрестаен дијалог со духот на времето, со смислата на минатото, иднината и идентитетот, со животот сам. – истакнува авторот  Александар Станкоски кој живее и работи во Скопје како самостоен уметник.

Александар Станкоски

         роден во Кичево во 1959 

1985    дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје

при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ -Скопје

1988 студиски престој во Њујорк, Чикаго и Сан Франциско

Живее и работи во Скопје како самостоен уметник.

Би можело да ве интересира

Иваноски: Да учиме од наследството што ни го оставил Свети Климент Охридски

Пела Редакција

Изложба за респект

Елизабета Филипоска

„Креации од ноќта“, тематска изложба на дела од уметници на ДЛУП

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе