25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“

Промоција на книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“ чиј автор е Бранко Стојановски,  денеска се одржа во Градската библиотека „Борка Талески“. Книгата е составена од документи, наводи и коментари.

Ова книжевно дело претставува плод на 30-годишно истражување на авторот Стојановски, како романизирана биографија за животот и делото на Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски, господин господин Ангелариј, вториот архиепископ на Македонската православна црква.

На промоцијата присутните ги поздрави градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески. Настанот беше збогатен со изведби од хорот „Света Петка“ под диригентство на Гоце Секулоски.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на прилепските средни училишта

Jовчески: Прилеп го наследивме со 5 милиони евра долг, со добро менаџирање успеавме речиси да го исплатиме

Пела Редакција

Младите од општина Кривогаштани бараат Локален младински совет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе