11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сите пожари на територијата на Општина Прилеп и Долнени ставени под контрола.

Сите пожарите на територијата на Општина Прилеп и Долнени ставени под контрола.
Огнената стихија која вчера ја зафати Селечка планина и му се закануваше на манастирот Свети Димитриј кај Селце, е под контрола.Претпладнево се прават последните напори на потегот Селце и Шаторов камен. Исто така сите пожари кај Лопатица, Подмол се под контрола, а уште од вчера на потегот кај манастирот Зрзе, Рилево нема активни пожари.
– Овие 5 дена кризниот штаб напорно работеше и до сите оние единици кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите сакам да упатам благодарност. На ТППЕ Прилеп, која што овие денови со надчовечки напори успеаја на сите 5 локации успешно да делуваат во исто време. Благодарност и до јавните претпријатија од градот кои што беа вклучени и даваа поддршка онаму каде што имаше потреба, и до доброволците, посебно ловџиите кои што со 2 возила утрово помагаат во гаснењето на потегот на Шаторов камен. Благодарност и до Дирекцијата за заштита и спасување од каде што во два наврати ни излегоа во пресрет со двата авиони како воздушна поддршка, без која помош, сами нема да можевме да го изгаснеме пожарот, рече по состанокот на Кризниот штаб градоначалниот Илија Јованоски, упатувајќи апел до граѓаните за поголема внимателност и совесност.
– Изминативе денови беа 6 големи пожари кои се ставени под контрола. Денеска се оставени екипи на местата каде пожари да ги осигураат локациите да не се појават повторно. Правиме надчовечки напори за справување со огнената стихија, а вчера имавме помош од битолско противпожарно друштво, од Кривогаштани, бидејќи и Битола и Крушево се зафатени со пожари така што и тие не беа во можност да се вклучат, вели Методија Николоски од ТППЕ Прилеп.
Во гаснењето на пожарите измитиве денови на различни локации учествувале над 200 лица. Според стручната проценка од инспекторатот при Дирекцијата станува збор за подметнати пожари, од некои несовесни граѓани. Од денеска во Општина Прилеп се забранети сите еднодневни екскурзии од основните и средните училишта како превентива.
– За да не ни се повторува евакуација на учениците како вчера кај Селце, училишните екскурзии се забранети, потенцираше градоначалникот Јованоски.
Според инспекторатот од Дирекцијата за заштита и спасување биле зафатени 500 хектари површина на територија на општините Прилеп и Долнени и тоа од трева и нискостеблеста шума, чалии и смреки и 5 % борова шума.
Полицијата е во зголемена активност за пронаоѓање на подметнувачите на пожарите. Еден од заклучоците на средбата на Кризниот штаб претпладнево била да се забрани движењето во шумите, зашто не постои друг механизам за справување со пироманите.
Инаку, Општина Прилеп со ЈКП Комуналец веќе обезбеди над илјада садници дрвја листопадни и зимзелени кои што ќе бидат засадени во наредните 2 месеци. Според програмата ќе се обнуваат дрвата кои се угинати или ќе се засадуваат нови дрвореди низ градот. На крајот од октомври и почетокот на ноември заедно со Македонски шуми ќе се врши пошумување на територијата на Општина Прилеп на различни локации.

Би можело да ве интересира

Пакет производи од Витаминка за 450 здравствени работници за пожртвуваноста во справувањето со КОВИД 19

Елизабета Филипоска

Да му помогнеме на Васко и на семејството Јошески

Гордана Цветаноска

Трибина на тутунарите во Демир Хисар, сеуште нема решенија за проблемите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе