1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Граѓански марш за 11 ти Октомври

По повод Денот на народното востание 11.Октомври, Општина Прилеп ја возобновува традицијата на организирање граѓански марш до Могилата на непобедените.
Во рамките на Програмата за одбележување на 78 годишнината од почетокот на вооруженото востание, локалната самоуправа го организира настанот „Во чест на паднатите борци: Марш од Участакот до Паркот на револуцијата“, во петок 11.Октомври.
Како што потенцираше градоначалникот Илија Јованоски на денешната средба со новираните, годинава посебен акцент се става на обновувањето на традицијата на организирање граѓански марш до Могилата на непобедените.

„Оваа година Општина Прилеп става посебен акцент на она што ќе се случува во петок, кога ќе биде положено свеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу, после што ја обновуваме традицијата на организирање граѓански марш од меморијалниот музеј „11.Октомври“, од Участакот, до Могилата на непобедените. Заедно со граѓаните, со многу здруженија, пријатели и почитувачи на борците и боречката организација, ќе го посетиме Паркот на револуцијата, каде ќе положиме цвеќе на Алејата на народните херои, споменикот ‘Жена борец’ и Могилата на непобедените, каде ќе има обраќање на претставници на локалната самоуправа, Владата и Сојузот на борци. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните да ни се приклучат на овој марш, со што ќе им оддадеме почит на борците кои ја оствариле оваа наша денешна слобода“, изјави градоначалникот Јованоски.

Маршот ќе започне во 8.30 часот од меморијалниот музеј „11.Октомври“, односно Участакот, после што учесниците ќе се упатат кон Паркот на револуцијата, каде делегации на локалната самоуправа, градоначалникот, Советот на општина Прилеп, политички партии и здруженија на граѓани ќе положат цвеќе во Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените.
Општина Прилеп ги повикува сите граѓани да земат учество во маршот и на тој начин да им оддадат почит на борците кои ги положиле своите животи во антифашистичката борба.

Би можело да ве интересира

Нова донација на „Комфи Ангел“, овој пат во Кичево

Гордана Цветаноска

Швајцарската донацијата на респиратори се распределува во македонските болници

Елизабета Филипоска

ДНУ Прилеп – 50 години стожер и промотор на научната мисла

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе