14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

(ФОТО) Богат спoртски ден во Прилеп: мото крос, натпревар со џипови, трка со дронови, автомобилска трка… Оливер Спасовски, гостин на отвoрањето на автo слалом

 

мото крос

На спортската арена за екстремни спортови кај Лагово, се одржа мото крос трката „Storm riders 2019“во организирција на клубот за екстремни спортови „Sky Riders“ ,на кои учествуваа 20-тина натпреварувачи од Македонија и Грција.

 

.

 

Натпревар со џипови

Водено, во арената за екстремни спортови во Лагово ,своите сили ги одмеруваа и џиповите, кои беа вистинска атракција .Натпреварите со џипови ги организираше  Клубот „Офф-Роад Прилеп“ ,а настанот имаше хуманитрана цел. Собраните средства од спектакл „Off Road 4×4 Show“ќе бидат наменети за лекување на малиот Дејан.

Трка со дронови

На стадионот на Могила  на непобедените, пак, во организација на  Воздухопловен Клуб „Фил Феникс“ се организатора последниот натпревар од серијата на ФАИ Светски Куп во трки со дронови.

 

 

Во центарот на Прилеп на булевар „Гоце Делчев во организација на АКК „Скопје“, Автомобилската федерација на Mакедонија и Општина Прилеп , беше организиран  aвто слалом натпревар „Прилеп 11.Октомври 2019“, на која учестуваа над 27-тина наптреварувачи од Прилеп, Битола, Велес, Скопје…  кои се натпреваруваа во четири категории:  две категории за спортски возила и градски возила во стандардна конкуренција. Ова е нова дисциплина во Македонија истакнаа

организаторите и се организира по трет пати во Македонија, а за прв пат во Прилеп и има натпреварувачки карактер, а најдобрите ќе се најдат на државното првенство на Македонија.

На отворањето авто слалом присуствуваше и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасоски, Министерот за транспорт и врски,  Горан Сугароски, а  поздравен говор одржа градоначалникот на Прилеп ,Илија Јованоски. Најуспешните возачи  беа наградени.

 

 

 

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕПЧАНИ ОДИГРАА ШАМПИОНСКИ ВО ШТИП

Џудо ветераните одржаа едукативен тренинг

Елизабета Филипоска

ППК Младост 96 “ита” кон титула

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе