Центар за граѓанска иницијатива во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија во овој период организира 5 тркалезни маси и тоа во Прилеп, Велес, Штип, Крушево и Долнени на кои се зборуваше за граѓанскиот активизам и соработката со медиумите. На овие средби имаше претставници од граѓански организации, млади, жени, претставници на јавни институции и медиуми.
Присутните разговараа како информациите да бидат пласирани до граѓаните преку медиумите. Како треба да тече комуникацијата и кога и како да се организираат настаните. Новинарите поделија практични совети, присутни беа уредници на медиуми, локални дописници на национални медиуми, новинари.
Средбите практично помогнаа за подобра комуникација и подобра информираност во иднина.
претходна вест