ЖФК Драгон -ЖФК Деспина Прилеп 1:3(1:1)ја понесе победа во дербито против шампионот Драгон.Тоа беше одличен дерби натпревар во кој што домашната екипа поведе на самиот почеток во 2 мин. од мечот.Но, примениот гол како да беше мотив за фудбалерки кои пожртвовано ,дадоа се од себе на терен и успеаа да израмнат во првиот дел од натпреварот, по што следеше одлично второ полувреме , со доминантна игра на Прилепчани, што резултираше со победа на ЖФК Депсина над скопски Драгон .Со оваа победа ЖФК Деспина е на врвот на табелата со 19 освоени бодови,пред ЖФК Драгон,кои со 16 бода се наоѓа веднап за прилепскиот женски фудбалски прволигаш
Стрелци:Катерина Милеска и Ангела Стојкоска ,по еден гол, и еден автогол на домашната екипа.
Успех и за ракометарките на ЖРК Деспина 26: 20 (11:08).
Девојките на ракометниот клуб Деспина , вечерва, ја совладаа екипата на Гевгелија со шест гола разлика. Иако, првото водство го имаа гостинките, веднаш по третата минута од натпреварот домашните ја покажаа својата доминација и квалитет во играта, и со брзи полуконтри и изградени акции лесно стигнуваа до гол, па тренрот Страшо Илиоски, до крајот на натпреварот им даде шанска на сите играчи. Најдобар поединец на натпреварот беше голманот Сара Богоска, која со своите одбрани, придонесе да нема резултатаска неизвеснот.
Најдобар срелец кај домашните Ангела Камечска со постигнати 9 гола, а кај госите со по шест гола Михаела Камческа и Драгица Митрова.
Со овој натпревар ЖРК Деспина со 12 бодови и полоша гол разлика од екипата на Струга се наоѓа на средината на табелата во женската супер ракометна лига, на шестата позиција . Додовната промена се очекува во идното коло кога Деспин ,повторно ќе биде донаќин,и ќе одигра со ЖРК Стружанка – Струга