ПРЕДЛОГ ПЛАНИРАНИ ЕДНОГОДИШНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА 2018 ГОДИНА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Реконструкција и доградба на општинската зграда во вредност од 5.000.000,00 денари и купување на опрема во вредност 140 000 денари, реконструкција , одржување, асфалтирање и тампонирање на патната инфрстрктуа Реконструкција на училиштата во селата Горно Агларци, Бач и Гермијан (2. 330. 000, 00 денари) Реконструкција на објекти на месни заеници и продавници во селата: Арматуш, Живојно, Далбеговци и Скочивир ( 6.300.000,00 денари) ,доизградба на капелата во с. Новаци (1.500.000,00 денари),изградба на ракометно игралиште во с. Долно Агларци (1.600.000,00 денари) ,реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина( 3.000.000,00 денари) ,изградба на зелен појас –(1.000.000,00 денари) капитални преокти за оваа 2018 година на ОПШТИНА Новаци
Но ќе се рабти и на ПРОЕКТИ ОД СТРАНСКИ ДОНАТОРИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Проект „Подигнување на свеста за културното наследство во општина Новаци“ кој има за цел да ја подигне јавната свест за промоција и заштита на културното и историското наследство со цел јакнеење на алтернативниот туризам и локалниот економски развој. Промотивниот настан ќе се реализира во периодот февруари – јуни 2018 на рекреативниот парк Коњарка кој е реконструиран претходно со средства од Европска Унија во рамките на проектот „ Жива историја , Жива природа 2“ од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013. Промотивниот настан ќе биде составен од различни активности , подигнување на јавната свест, пешачење до културно историски сајтови на територијата на општина Новаци, работилници, активности за чистење на околината , музички хепенинг, едукативни работилници , он сајт посета на учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и др. Овој проект, општината ќе го реализира со партнерство на АЛДА ,а е финансиран од Европска Унија (3000 евра од ЕУ и 4250 евра )од АЛДА и општина Новаци
Ќе се работи и на проект „ Одржливо менаџирање на агро отпад за загревање на рурални области“- Agrowchain од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција 2014-2020 . Со овој проект Општината планиа да ја поттикне локалната заедница за поголема општествена одговорност и подобрување на условите за живот , заштита на животната средина. Преку овој проект би се набавле различни видови опрема : трактор, корпа за чистење на каналите и речните корита од вегетација, приколка , машина за балирање и котел за паарно греење кој ќе биде поставен во детската градинка. Земјоделските остатоци и вегетацијата од реките и каналите ќе бидат исушени, преработени и ќе се користат за загревање на просториите во детската градинка ( 230 м2). Општина Новаци проектот ќе го реализираме во соработка со Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој од Битола и ДЕТЕПА; CRES и CLube од Грција. ,а од буџетот на општина ќе бидат доделние 216 895 евра.
Во 2018 година ќе продолжи и соработката со општина Коломбел од Франција и АЛДА на тема Прва светска војна. Оваа година се навршуваат 100 години од завршувањето на оваа голема војна па општина Новаци ќе биде организатор, но и во соработка со партнерите ќе биде вклучена на многу настани на оваа тема. Планираме на наша територија да поставиме спомен плоча со имињата на загинатите војници од Прва светска војна , нешто слично како споменикот во Коломбел кој беше поставен мината година во номеври.
Општина Новаци има аплицирано предлог потпроект во првиот повик од проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот кој ги помина сите административни процедури и сега е во последната фаза на техничка евалуација. Станува збор за проект кој чини 676 783 евра кој општина Новаци доколку го добие ќе го реализира во соработка со АЛДА од Скопје и ЦГИ од Прилеп. Со овој проект е планирано да се реконструира основното училиште во Скочивир и негова пренамена во сместувачки капацитети, реконструкција на 6-те живеалишта ровови од Прва светска војна кои се наоѓаат во Мегленци кота 1050, целосна реконструкција и адаптација на поранешното училиште во с. Градешница и негова пренамена во музеј на Прва светска војна, мапирање на линијата на фронтот и соодветно означување и обележување, серија работилници на домашни и странски експерти на тема Прва светска војна и сл.