11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Квартетот Полихимниa ќе се претстави пред прилепчани

Националната установа Центар за култура Марко Цепенков со бројни културни настани го одбележува 4 децениското постоење. Активностите по тој повод ќе се одржуваат цел месец ноември, во знак на почетоците од работата на „Марко Цепенков“ како институција која значи срце на културата на Прилеп.
Веќе во среда, на 13 ноември, е наредниот настан, кога со почеток од 19 часот во изложбениот салон на Центарот, концерт ќе одржи квартетот Полихимниa. Гости на овој концерт ќе бидат Ана Митоска – сопран и Катерина Попоска – мецосопран, кои ќе исполнат дела од Корели, Вивалди, Форд и други автори .
Квартет Полихимниа го започнува своето делување во 2017 година, идеја која се вродува по реализација на еден интересен проект “Професорите и учениците камерно музицираат“, ова воедно е и почетокот на концертното деби на Квартет Полихимниа.
Во Квартет Полихимниа настапуваат Николина Е. Тодоровска- флејта, Риана Рамиз- виолина, Маре Видевска- виолончело и Верица Шотаровска- пијано, професори во УОМУ “Панче Пешев“- Куманово и ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј“- Скопје. Тие се активни изедувачи, професори со богата биографија и бројни успеси, имаат освоено многубројни награди со своите ученици и се дел од жири комисии за категорија соло флејта, виолина, виолончело, пијано и камерна музика на државните и меѓународните натпревари.

Би можело да ве интересира

Мултимедијален фестивал „Цело е кога се има 30“ во Прилеп и Крушево за културно освежување

Гордана Цветаноска

Чалгија саунд систем ќе го промовира вториот албум “Тихувај”

„Star Wars & Makedonium“ со Зоран Кардула во Прилеп !!!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе