27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прва самостојна изложба на прилепскиот уметник Кристијан Јованоски

Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ утре, 23 ти декември од 12.00 часот ќе биде поставена изложбата „Ротации“ од  прилепскиот уметник Кристијан Јованоски.  На Јованоски ова му е прва самостојна изложба по дипломирањето. Уметникот во проектот „Ротации“ поврзува неколку дела од 2018, 2019 и 2020 година. Како што и самиот наслов зборува сам за себе, делата се визуелни прикази на едно т.н. патување и белег на искуства прикажани во простор. Станува збор за инсталација составена од слики, цртежи, и објекти.

Кристијан Јованоски е роден  1995 година во Прилеп. Во 2018 дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, оддел Сликарство со Графички дизајн во класата на проф. м-р Жанета Вангели.
Од 2020 година член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Јованоски од 2015 година учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство.

Би можело да ве интересира

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

„Дупло дно„ се најде на театарската прилепска сцена – премиерата е викендов

Инспиративна изложба на прилепскиот уметник Давид Атанасоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе