2.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Комбинатот ги отвори вратите за прибирање на жолтото злато

Во централниот пункт во Прилеп, Тутунски Комбинат АД Прилеп денеска започна со откуп на актуелната реколта ориентален тутун. На увид на стартот од откупната кампања во работна посета беше ресорниот министер Трајан Димковски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, градоначалникот Илија Јованоски. Надлежните очекуваат стабилна откупна сезона која годинава согласно законските измени ќе трае 15 денови пократко од минататите години. Во игра се 9 откупни компании кои ќе откупуваат тутун од над 30 илјади кооперанти.
– Сите компании имаат обезбедени средства за исплата. Инспекторите ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата со откупот. Од нашите податоци можеме да кажеме дека вкупно се евидентирани 226 мостри и 210 откупни пунктови. 204 мостри се од типот Прилеп, а 22 се од типот „јака“. Годинава вкупно биле засадени 13.342 хектари тутун и склучени биле 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Очекуваме околу 6 проценти поголемо производство на тутун. На откупните пунктови и на вагите има лиценцирани контролори и повереници на тутунарите кои ќе го следат откупот. Очекуваме добар и непречен откуп. Со оглед на најавата дека квалитетот на тутунот е подобар, очекуваме да се постигне и повисока откупна цена од ланската“, истакна министерот Димковски.
Во откупната трка покрај прилепскиот Комбинат, вклучени се Сокотаб, Алијанса и Секе, а деновиве динамиката ќе се зголемува, бидејќи и временските услови дозволуваат домашна манипулација на производството. Комбинатот ќе откупи исто количество како и лани, 3 илјади тони од традиционалните кооперанти.
-Прилепскиот Тутунски комбинат е целосно подготвен за откупот на тутунот од оваа реколта. Откупот почнува на 25 пунктови со 34 ваги. Од петок откупот ќе почне и во населените места, а исплатата ќе биде по еден ден од откупениот род.
Очекувањата од тутунарите се дека високиот квалитет ќе им го исплати вложениот труд. Тиесе надеваат на повисока просечна цена од ланската која изнесуваше 214 денари од кгр.
– Цел живот произведувам тутун. Имам два тона тутун, донесов за процена. Досега процената е прва и втора класа. Лани постигнав просечна цена од 250 денари за килограм, годинава поради повисокиот квалитет очекуваме повисока цена, рече Младеноски во откупниот пункт во Комбинатот.
И покрај сушата која што беше карактеристична за годинешната производствена сезона, анализите од терен на ресорното министерство се дека продукцијата ќе биде за 6 % поголема од лани, односно тутунската реколта да тежи над 26 илјади тони тутун.

Би можело да ве интересира

Тутунски во добивка првите 6 месеци

Владата планира од септември за увоз на работници од странство

Прилепски „Гентерм“ времено под клуч

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе