3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Натпреварот ЖРК Деспина – ЖРК Чаир, беше натпревар, Филипоска против Николовска

ЖРК Деспина синоќа ја прикажаа најдобрaтa партија во натпреварувачката сезона. Играше против екипата на ЖРК Чаир од Скопје и резултираше со  28-25 ( 11:11 ). Тоа се чини беше натпревар и игра на надмудрување помеѓу двете некогашни клубски соиграчи, Сашка Филипоска (ЖРК Депсина)  и Анастасија Николовска (ЖРК Чаир) , кои заедно играа во екипите на Вардар и Пелистер. Ниту, Богеска можеше да се справи со ударите на Николовска по нејзиниот гол, ниту пак голманот Кицеска , од  гостинската екипа, имаше решение за ударите од Филипоска .

Сашка Филипоска -ЖРК Деспина
Анастасија Николовска – ЖРК Чаир

Николовска,  од екипата на Чаир, од вкупно 25 голови, постигна 17- есет, а Филипоска беше најдобриот стрелец,  во Деспина со постигнати 10 голови во мрежата на некогашниот нејзин исто така клубски соиграч, Слободанка Кицеска.

Тоа беше игра со многу контри напади ,со многу исклучувања и од една и од другата страна,но и со “зрела“ и мудра игра на домашните ракометарки. Иако, и двете екипи „изгубија“  по еден играч поради добени црвени картони.  Црвен картон, поради 6 исклуувања, од екипата на Деспина доби Сања Цветкоска, а поради истата причина од игра испадна и ракометарката од гостинската екипа Бајра Бакиќ, така  што до крајот натпреварот и двете екипи играа со играч помалку.

За подигнување на “адреналинот“ во публиката придонесоа и одличните одбрани на домашниот голман Сара Богеска, која го разбуди гледалиштето во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и  придонесе екипата на ЖРК Деспина да не биде загрозена од “бомбардирањата“ на левото крило Николовска, која , буквално шутираше од сите позиции и беше “нескротлива“ за домашните играчи.

Тренерот на ЖРК Деспина, Страшо Илиоски, не го криеше задоволство  од оваа победа, со оглед, на тоа што со ова, екипа на Деспина се качува за едно место погоре, пред екипата на Чаир.

Судиската двојка Методија Илиевски и Михајло Илиевски имаа полни раце работа, но коректно го судеа натпреварот помеѓу двата ривали во женската супер ракометна лига.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Победа ја оправда улогата на фаворит

Елизабета Филипоска

РК Прилеп шестти на турнирот во Струга

Елизабета Филипоска

Победа обезбеди уште три бода против Ренова

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе