23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ракометарите на Прилеп се изборија за плеј-оф

Ракометарите на Прилеп на домашен терен изборија место во плеј-офот на Првата лига. На две кола до крајот на регуларниот дел Прилеп славеше против Вардар Неготино со минимални 33-32.
Екипата на Прилеп иако со предност од пет голови, 30-25, пред крајот избори победа од само еден гол разлика.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Пајкоски и Христи Бикоски со по осум погодоци, додека кај Вардар Неготино се истакнаа Ратко Вељанов со 11 и кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Ташев со осум голови.
Прилеп има 33 бода и се наоѓа на втората позиција, со што го осигураа своето место во разигрувањето за Суперлигата.

Би можело да ве интересира

Нова ера во профи боксот во земјава , Simfonija Boxing NIght на 27ми септември во Прилеп

59 – та минута со скандирање на името “Кочани“, а Алиоски со потег за почит и респект

Боксерскиот клуб АС се закити со медали од државното првенство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе