1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Привршуваат градежните работи на клучката за ТИРЗ Прилеп

Најдоцна до крајот на првата половина од наредната година ќе заврши изградба на клучката за ТИРЗ Прилеп. Увид во градежните работи денеска изврши премиерот , Зоран Заев во придружба на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, како и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски и пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец. Целта е да се обезбедат високи инфраструктурни стандарди во индустриските зони за инвеститорите кои решиле да инвестираат во нашата земја. Сообраќајното решение е на две нивоа за поврзување на ТИРЗ Прилеп со патната делница Прилеп-Битола.

– Зоната станува целосно функционална со пуштањето во употреба на водоводот и изградбата на клучката. Ова сообраќајно решение е од особено значење и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во тек е изградбата на улицата меѓу двата инвеститори во прилепската зона, која ќе ги поврзе и другите слободни парцели за идните инвеститори. Наредната година ќе започнат работите на секундарната гасоводна инфраструктура со што ќе се донесе и гасот во ТИРЗ Прилеп со што ќе се зголеми атрактивноста на оваа зона за нови индустрии, потенцираше Заев.

Заложбите на Владата се да има што повеќе инвестиции во овој дел од државата, за што доволно зборува фактот дека висината на средствата за проектите кои во моментов се во фаза на реализација во Пелагонискиот регион, со посебен фокус на Прилеп, изнесуваат околу 50 милиони евра.
Инвестицијата за изградба на клучката во висина од 240.000.000 денари. Паралелно се работи и на водоводната мрежа и уличната инфраструктура.
-Во финална фаза на изведба сме со изградбата на водоводот за целата зона, инвестиција која што изнесува приближно 50.000.000 денари. При крај е и изгадбата на внатрешната инфраструктура, односно улицата, чија вредност е дополнителни 50.000.000 денари, така што во зоната моментално имаме вкупна инвестиција од приближно 350.000.000 денари“, изјави директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески рече дека изградбата на клучката е доказ за посветеноста на Владата во изградба на инфраструктурата. Особено за овој дел на Пелагонија каде се во тек на реализација или проектирани проекти.

– Што се однесува до Прилеп и регионот, покрај изградбата на овој проект, се гради региналниот пат од Битола кон Прилеп кај Тополчани, комплетно е завршен патот кон вештачкото езеро,а во завршна фаза е изградбата на ИКТ Центарот чија вредност е 11 милиони евра. За постојниот пат од Фариш до Дреново, поставена е сигнализација и ако временските услови дозволат очекуваме изведувачот одма да почне со работа. Продолжението на патот од Фариш до Прилеп, во должина од 23 километри ќе биде тендериран во јануари, со цел идната 2020 година да биде завршен. Она што е клучно, експресниот пат, се прават завршните подготовки за објавување на тендерот за преостанатите 65% кои треба да се направат од Фариш до Дреново. Нашите очекувања се дека до крајот на оваа, или почетокот на следната година ќе биде објавен тендерот, за да од март продолжи неговата изградба. Паралелно се работи и на делницата Градско-Дреново, така што очекуваме дека за година и нешто, експресниот пат ќе биде комплетно завршен“, истакна министерот Сугарески, потенцирајќи дека во тек е изработка на проектна документација за автопат од Прилеп до Битола. Според Сугарески а патот од Штавица до Витолиште е влезен во програмата на Македонијапат. Ист е случајот и со патот од Кадино село преку Галичани до Кривогаштани, а патот Кривогаштани – Крушево ќе биде завршен до јуни 2020 година.

Градоначалникот Илија Јованоски истакна дека за онеколку денови, во Прилеп се промовираа два исклучително важни проекти за општината, во вкупна висина од околу 17 милиони евра.
„Пред неколку дена, министерот и потпретседател на Владата, Оливер Спасовски го промовираше ИКТ Центарот, којшто е многу значаен за целата држава и е најголем таков центар на Балканот, во вредност од околу 11 милиони евра. Тој проект и оваа клучка, која заедно со другите инвестиции во ТИРЗ зоната, е во вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се исклучително важни за нашиот град. Со тоа конечно ќе се реши проблемот со ТИРЗ зоната, пред се’ од сообрајќаен и безбедносен аспект, затоа што досега преминот на овој дел беше многу ризичен и критичен“, истакна градоначалникот Јованоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) НК 12, ЕСЕРА и ТЕРА БИОСА во Фиталија за прихрана и заштита од пеколните горештини

Гордана Цветаноска

Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар

Гордана Цветаноска

Комбинатот започна со откуп на тутунот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе