1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Свети Ѓорѓија, празник на заштитникот на верата

Православните верници денеска го чествуваат посен Свети Ѓорѓија. Овој празник не го менува датумот и секогаш се слави на 9 ти декември, според новиот календар. Освен како семејна слава, Свети Ѓорѓија се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.
Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.
Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.
Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!”.
Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења.
Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија. според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.
494. тој е прогласен за светец, од страна на Гелазиј I (492—496).

Би можело да ве интересира

Пожар во Марино Маало, гореше куќа, предизвикана е голема материјална штета ( Видео)

Гордана Цветаноска

Два нови позитивни случаи на корона вирус во Прилеп

МИКРОСАМ- 30 години генијалност во решенија за производство на современи композити

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе