11.4 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Советот на општина Прилеп ја одржа 36 тата итна седница

Советниците расправаа по 7 точки од дневниот ред кои се однесуваа на прашања од областа на комуналното уредување, како и за одлуки поврзани со финансиското работење на јавните претпријатија и училиштата.

Членовите на општинскиот Совет ја усвоија предлог – одлуката за давање согласност за кофинансирање во имплементација на проектот „Зајакнување на техничките капацитети за собирање на комунален отпад во општините Прилеп, Ресен и Демир Хисар“. Со овој проект, Општина Прилеп ќе добие комунално возило за собирање на смет во вредност од 4.463.000 денари, при што Општината ќе учествува со сопствени средства во висина од 328.000 денари.

На денешната седница советниците дадоа согласност за измена на статутот на ЈКП „Комуналец“ и на ООУ „Кире Гаврилоски“, за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“, а ја усвоија и предлог-одлуката за формирање на локалнa комисиja за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во општина Прилеп.

Членовите на Советот на општина Прилеп дадоа „виза“ за измена и дополнување на Годишниот план за вработување на ЈКП „Комуналец“ Прилеп, како и за продажба на 830 обични акции кои ова јавно претпријатие ги поседуваше во ТЕКСТИЛ „ЕЛМА“ ДОО Прилеп.

Би можело да ве интересира

Гром предизвика пожар на 4 куќи во Прилеп

Уште една хуманитарна акција на учениците и вработените од СОУ „Орде Чопела“

Гордана Цветаноска

Прилеп домаќин на шаховскиот камп за млади-за популаризација на оваа игра

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе