6.8 C
Прилеп
четврток, 14 ноември, 2024
Пела Радио

Викендов, бесплатно возење за промоција на новите градски автобуси во Прилеп

Прилепскиот градски превоз се поднови. Од викендов во погон ќе бидат ставени четирите нови еко – автобуси на метан, кои што двата дена (сабота и недела) бесплатно ќе ги превезуваат граѓаните. Промоцијата според најавата на градоначалникот Јованоски ќе биде во сабота на пладне, а се очекува да присуствува и владина делегација.

Автобусите ги набави ЈП за ПУП, за сума од 60 милиони денари која ќе се отплаќа на 4 годишни рати од по 15 милиони денари без камата. Набавката на возилата јапонска марка Исузу, произведени во Турција, се реализираше на меѓународен тендер, при што, најповолен понудувач била фирмата Автомакедонија. Возилата се модерно опремени, 12 метарски, двокрилни, со 27 седишта,со рампа за патници со инвалидски колички, односно имаат капацитет за превоз на 78 патници со стоење.
Основната придобивка на така овие автобуси е што нема да ја загадуваат средината, бидејќи се Еуро стандард 6.

Од големо знаечење е заштедата на гориво, велат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП), кое што менаџира со јавниот градски превоз во Прилеп. Со метанот се обезбедува повеќе од двојна финансиска заштеда доколку се спореди со нафтата – гориво, кое што сега го користат старите градски автобуси.
Или преведено со бројки: доколку сега еден автобус троши 100 евра дневно за превоз на 100 км, од сабота еден нов автобус на метан ќе троши 35 до 40 евра дневно.

Но, има еден проблем – ниту една бензинска станица во Прилеп нема пумпа на метан. Во очекување на ова гориво да пристигне на бензинските станици наредниве неколку месеци, автобусите ќе се полнат во Битола.

Би можело да ве интересира

Пожарот долненско се шири кон Небрегово и Присад

Октет Прилеп вечерва ќе одржи годишен концерт

Пела Редакција

Малолетници тешко повредени во две сообраќајки

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе