-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп во знакот на својот заштитник Свети Никола

Во духот на хуманоста, дарувањето, добра мисла, пораките за добробит, бериќет и разбирање Прилеп ја одбележува градската слава Свети Никола. Во центарот на градот беше народниот собир, а честувањата започнаа утринава со свечената божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан.

Традиционално Водосвет и сечење на славскиот колач имаше пред параклисот во центарот на градот. Богатата посна трпеза која ја обезбедија годинешните домаќини, семејството Небрежанец беше послужена традиционално во централот на градот.Владиката Петар во својата беседа потсети на значењето на еден од најголемите христијански празници Свети Никола, познат по своето милосрдие и хуманост:

– Говориме за светител кој што е образец на милосрдието, кој што бил правило на верата, светител кој што помагал и правел добри дела, кој бил светител и по срце, и по душа и по ум, напомена во своето обраќање владиката Петар, и апелираше предметот веронаука да се врати во училиштата – не како изборен, туку како задолжителен предмет.
Градоначалникот Илија Јованоски упати пораки за почитување, хуманост, заедништво.

– Убавата мисла, хуманоста, солидарноста, посветеноста, слогата, почитувањето, добрососедските односи, убавиот муабет и дружењата, да бидат вредности кои ќе не’ водат во новата година, кои ќе бидат влог на секој од нас во градењето подобар и посреќен живот во нашата заедница“, истакна градоначалникот Јованоски.

Семејството Небрежанец, годинешните домаќини на градската слава „Св.Никола“ со особен пиетет го чествуваат празникот, а традицијата ќе ја пренесат на своите деца, трите ќерки.

За 15 тата по ред прослава на патронот на град Прилеп в година домаќини ќе бидат Тони Тарунџиоски и Душан Качкиноски косопственици на фирмата „Футура“.

 

Посната трпеза која беше послужена во центарот на Прилеп ја обезбедија домаќините, семејството Небрежанец, а помогнаа вештите раце на членките од четирите женски здруженија од Прилеп кои ги завиткаа наделеку познатите посни сармички.

 

Би можело да ве интересира

Ова се протоколите за настава со физичко присуство, среќно ученици!

Гордана Цветаноска

Следува студено време со температури под нулата

Елизабета Филипоска

Пописот одложен за септември

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе